Роналдо: Би сакал да дадам гол на „Олд Трафорд“

Од:

Кристијано Роналдо се враќа „дома“. По неколку години повторно ќе заигра на „Олд Трафорд“, но во дресот на Реал.

На првиот меч на „Бернабеу“ тој постигна гол за израмнување, но се го прослави.Имаше само неколку поздрави со своите поранешни соиграчи и тоа беше се.

Тој изјави дека Јунајтед секогаш ќе му биде во срце.

Поради тоа британските медиуми ги интересираше дали би сакал да постигне гол на „Театарот на Соништата“.

„За тоа не сум размислувал. Не би можел да ви кажам како ќе реагирам при постигнување на гол. Тоа ќе се случи спонтано. Ќе видам кога ќе дојде таа ситуација“ – изјави Роналдо.

Одличниот голгетер верува дека ќе биде пријателски дочекан.

„Верувам дека навивачите ќе ме пречекаат како што треба. По многуте години поминати во Манчестер, стекнав доста пријатели. Ми се допаѓа тоа што по толку време ќе се вратам во градот каде се чувствував навистина убаво“ – додаде за крај Роналдо.

Би можело да ве интересира

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он

ВИДЕО: Тренерот на ПАОК сам нападна неколку навивачи на АЕК, ​​доби суспензија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Навивач го прекина едноминутното молчење за жртвите во Магдебург, цел стадион му одговори

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фудбалерот на Монако тешко го повреди Донарума

Горан Наумовски