Роналдо би можел да замине во Манчестер Јунајтед или ПСЖ ова лето

Од:

Кристијано Роналдо во летниот преоден рок би можел да замине во ПСЖ или да се врати во Манчестер јунајтед, јавуваат италијанските медиуми.

Според нив, Јувентус наводно бил подготвен да го „жртвува“ Португалецот во моменти на финансиска криза поради коронавирусот.

Засега најзаинтересирани се од ПСЖ, особено ако на лето дојде до разделба со Бразилецот Нејмар кого го купи од Барселона за 222 милиона евра.

Како втора можна дестинација за Роналдо што ја најавуваат италијанските медиуми е Манчестер јунајтед чиј дрес го носеше од 2003 година до 2009 година.

Јувентус би се разделил од Роналдо за 70 милиони евра, пред се поради годишната плата од 31 милион евра што претставува голем товар за италијанскиот фудбалски шампион, се наведува во извештаите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Нема намера да оди во пензија – Кристијано Роналдо го продолжи договорот со Ал Наср

А1он

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Кристијано Роналдо слави 40. роденден – честитките од Реал Мадрид и Спортинг ќе го воодушеват

А1он

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година