Легендарниот фудбалер на Барселона, Роналдињо даде свое видување во пресрет на четвртфиналниот реванш-дуел во Лигата на шампионите помеѓу неговиот поранешен тим и Манчестер Јунајтед.
Бразилскиот волшебник смета дека првиот гол на средбата ќе биде од исклучително значење, а ако тој биде одбележан од англискиот тим, тогаш домаќините ќе бидат разнишани.
Првиот меч на „Олд Трафорд“ заврши со минимален успех за Каталонците со 1:0. Барса сепак е во монструозна форма, што се однесува до дуелите на домашен терен во Европа, откако нема пораз во 30 последователни натпревари.
– Вистината е дека Барселона мораше да го заврши натпреварот уште во Манчестер, бидејќи победа со 1:0 остава шанси на Манчестер Јунајтед за реваншот, изјави Роналдињо.
Сепак неговите очекувања се дека Барселона ќе продолжи напред.
– Мислам дека се чувствуваат удобно кога се домаќини, ако го постигна првиот гол на натпреварот. Но ако Јунајтед даде прв, никој незнае што може да се случи, додаде Бразилецот.