Романскиот селектор Радоj позитивен на Ковид-19, неизвесен за мечот со македонската репрезентација

Од:

Романскиот селектор Мирел Радоj е позитивен на коронавирус и би можел да го пропушти премиерниот натпревар во мундијалските квалификации против македонската фудбалска репрезентација.

– Во понеделникот, на 15 март. се тестирав на Ковид-19 и резултатот, за жал, беше позитивен. Се чувствувам добро и немам симптоми, изјави денеска Радоj.

Романија во рамки на првото коло во квалификациската група за пласман на Мундијалот во 2022 година ја пречекува македонската репрезентација на 25 март во Букурешт, по што три дена подоцна е домаќин на Германија, а на 31 март и гостува на Ерменија.

Романските медиуми јавија денеска дека Радоj ќе продолжи секојдневно да се тестира на коронавирус во трка со времето да добие вести за два последователни негативни наоди што ќе му овозможи да ја предводи репрезентацијата во мартовските квалификации.

Би можело да ве интересира

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он

ВИДЕО: Тренерот на ПАОК сам нападна неколку навивачи на АЕК, ​​доби суспензија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Навивач го прекина едноминутното молчење за жртвите во Магдебург, цел стадион му одговори

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фудбалерот на Монако тешко го повреди Донарума

Горан Наумовски

Фудбалерите на Реал Мадрид по деветти пат станаа светски клупски шампиони