Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Од:

Ракометарката на Босна и Херцеговина, Дамљана Бошњак беше запросена по натпреварот против селекцијата на Косово во Белгија.

По завршувањето на натпреварот, момчето и пријде со букет, а потоа се спушти на едното колено и ја запроси. Заплака од среќа и се согласи.
Останатите ракометарки играа околу нив и им честитаа. Видеото од овој романтичен момент се шири на социјалните мрежи.

Женската ракометна репрезентација на Босна и Херцеговина доживеа тежок пораз од селекцијата на Косово на стартот од претквалификациите за Светското првенство. Ракометарките на Косово славеа со резултат 32:26. Ракометарките на Босна и Херцеговина останаа без никакви шански за пласман да продолжат со идните фази на натреварувањето.

Причината е што само првопласираната селекција продолжува во второто коло од квалификациите, а бидејќи денешниот триумф е веќе втор за Косово, бидејќи беа поуспешни од Белгија, селекцијата на Босна и Херцеговина нема шанси да го освои првото место, дури да ја победи Белгија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Брутален нокаут во САД ги „освои“ социјалните мрежи

Пијастри ја покори Кина

Новоматик Македонија одличен пример за општествена одговорност

Предраг Петровиќ

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронзен медал на Балканското првенство во Будва

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ