Ролан Гарос се огласи за пораката на Ѓоковиќ за Косово

Од:

Организаторите на Ролан Гарос се огласија за пораката која Новак Ѓоковиќ ја напиша на камерата.

„Косово е срцето на Србија! Стоп за насилството“, напиша Ѓоковиќ со својот традиционален потпис на камерата по натпреварот во Париз.

Тоа го покренаа прашањето за потенцијална казна за српскиот тенисер поради политичката порака.

„Нема официјално правило на Грен слем за тоа што играчите смеат или не смеат да кажат. Француската тениска федерација (ФФТ) нема да издаде никакво известување или да иницира ништо во врска со ова прашање“, соопшти ФФТ.

Ѓоковиќ истакна дека не му е грижа дали ќе биде казнет и дека повторно би го направил истото бидејќи чувствува одговорност како јавна личност за тоа што се случува на Косово.

Ѓоковиќ кој се пласира во второто коло на Ролан Гарос, во среда ќе игра со Унгарецот Мартон Фучовиќ.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ го најави младиот Бразилец за свој наследник, а овој „му заби нож в грб“

А1он

Беретини го елиминира Ѓоковиќ во првото коло на турнирот во Доха

Ѓоковиќ остро за Синер: Земјотрес, oва е голем проблем за спортот

А1он

(ВИДЕО) Ѓоковиќ го „испрати“ Шварцман во пензија: „Што гледаш, идиотe?“

Ѓоковиќ: Татко ми ме убедува да ставам крај на мојата тениска кариера

Новак Ѓоковиќ ќе добие статуа во Мелбурн парк пред арената Род Лејвер