Еден од најдобрите дефанзивни играчи на 90-те во НБА лигата Денис Родман им се приклучи на оние кои со потценување гледаат на според многумина најдобриот кошаркар во моментов, Леброн Џејмс.
Родман, кој беше незаменлив дел од шампионската генерација на Чикаго Булс и кој е член на Куќата на славните, смета дека во негово време кошаркарта била физички многу посилна во таа мерка што Леброн би бил само просечен играч.
„Леброн на сцената стапи во идеален момент, за разлика од Џордан, кој играше во време кога можеше да ‘истепаш’ играч, да го фрлиш на паркетот. Леброн тоа не би можел да го издржи. Се што прави тој е да се жали кај судиите кога нема да досудат фаул“, рекол Родман во емисијата на Ден Патрик.
„Доколку Леброн играше во доцните 80-ти и во 90-те тој ќе беше само просечен играч“, дополнил Родман, кој во кариерата има пет шампионски титули со Детроит (две) и со Чикаго (три).