Роботи ја премеруваат новата „БМВ Серија 5“

Од:

Компанијата „БМВ“ ја објави првата официјална фотографија од новата генерација на „Серија 5“. Иако автомобилот се уште е сокриен под маскирана фолија јасно е дека дизајнот на лимузината претставува еволуција на актуелната верзија.

Актуелниот „БМВ Серија 5“ можеби и не е толку стар модел (се произведува од 2011 година) во однос на некои други премиум автомобили што се подолго на пазарот, но спаѓа меѓу најстарите во сегашната гама на овој германски производител.

„БМВ“ ја финализира работата на неговиот наследник што на пазарот треба да се појави до крајот на 2016 година, а на првите официјални фотографии на автомобилот Баварците се пофалија со нова, многу прецизна техника на мерење на димензиите на возилото.

Со помош на робот, автомобилот се скенира за да се изработи дигитален 3Д модел. Во „БВМ“ велат дека ова е првпат во авомобилската индустрија да се користи целосно автоматизирана оптичка технологоја за мерење на возилото со прецизност до 100 микрони (0,1 мм).

Врз основа на вака генерираниот 3Д модел можат да се воочат и најситни неправилности на надворешноста на автомобилот, што се корегираат во завршната фаза од развојот на возилото пред да почне сериското производство.

Седмата генерација на „БМВ Серија 5“, што ќе ја има интерната ознака „Г30“, може да ја има светската премиера веќе на саемот на автомобили во Париз, што во главниот град на Франција ќе се одржи во октомври. 

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ