Фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија вечерва соопшти дека постигнал спогодбен раскин на соработката со Италијанецот Роберто Манчини, кој повеќе нема да ја извршува селекторската функција.
Манчини (59) во август минатата година стана селектор на Саудиска Арабија, потпишувајќи четиригодишен договор.
Италијанскиот стручњак забележа осум победи, седум нерешени и пет порази во 20-те натпревари во кои ја предводеше Саудиска Арабија.