Робен: „Енфилд“ е најлошото место за игра

Од:

Крилото на Баерн Минхен, Ариен Робен, зборуваше пред натпреварот во Лигата на шампионите на „Енфилд“. Според Холанѓанецот, ова е „најлошиот“ стадиум, на кој може да се игра фудбал.

Робен три пати бил елиминиран од Ливерпул во својата кариера. Станува збор за 2005 и 2007 година со тимот на Челзи, како и во 2009 со тимот на Реал Мадрид.

– Ако ме прашате кој е најлошиот стадион, ќе ви кажам дека тоа е оној на Ливерпул. Со Клоп тие израснаа многу. Се доверија на странски менаџер кој направи одлична работа. Минатата година беа во финалето, откако се справија многу добро и во Премиер лигата. А во моментов се наоѓаат на врвот, се борат со Сити. Титулата е она што сите го чекаат од Ливерпул. Мина многу време откако не ја освоиле и тоа е она за што тие сонуваат, рече Холанѓанецот.

Баерн Минхен гостува на „Енфилд“ на 19 февруари (вторник) во првата средба од осминафиналето на Лигата на шампионите. Реваншот е по три недели на 13 март на „Алијанц арена“ во Минхен.

Би можело да ве интересира

Флик: Баерн ќе ја покаже својата сила против Барса

А1он

„Билд“: Лигата на шампионите ќе се доигра во Лисабон

А1он

Робен со исповед за својата болна сопруга од КОВИД-19

А1он

Роналдо: Сè може да се случи против Атлетико

Алегри за ЛШ: Очекувањата кон Јувентус се зголемија премногу

ПСЖ може да добие нов претседател