Роналдо: Сè може да се случи против Атлетико

Од:

Ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо верува дека неговиот тим ќе може да го елиминира Атлетико Мадрид во Лигата на Шампионите, независно од негативата по првата средба од осминафиналето.

Утре, 12 март, „Старата Дама“ ги пречекува „јорганџиите“ од 21:00 часот, откако во Мадрид тимот загуби со 0:2.

– Атлетико има силен тим, сите знаат дека тие се бранат многу добро, не ризикуваат и играат на контранапади, но ние сме подготвени за тоа. Сакаме да направиме се за да победиме и да се пласираме во следната рунда. Никој не очекуваше дека ќе загубиме во првиот натпревар, но сè може да се случи во вториот, изјави Португалецот.

Тој додаде дека Јувентус имаат одлична сезона и дека ужива да игра во Калчото. Популарниот ЦР7 пред утрешниот дуел им порача на фановите да бидат позитивни и да веруваат дека се е можно.

– Имаме одлична сезона. Засега пред нас има два турнири – Серија „А“ и Лигата на Шампионите. Сакам да играм во Италија. Тука, како во Шпанија и Англија, уживам да постигнувам голови и да победувам. Среќен сум. На навивачите сакам да им порачам да размислуваат позитивно, да веруваат дека е можно да победат, затоа што ни треба нивната помош. Стадионот нека биде неверојатен и ние ќе се обидеме да сториме сé што можеме, заклучи ѕвездата на „Старата дама“.

Би можело да ве интересира

Реал нема да ги пушти своите играчи да играат на ОИ

Детаљ за кој најмногу се зборува – дали Винисиус заслужи црвен картон?

Предраг Петровиќ

Навивач на Атлетико Мадрид му се заканувал на девојче бидејќи носело дрес од Реал Мадрид

Горан Наумовски

Винисиус заминува доколку Реал потпише со Мбапе

Предраг Петровиќ

Реал реши да го „казни“ Мбапе, му дава 100 милиони евра помалку од пред две години

Модриќ повеќе не е резерва, повторно е во првите 11 на Реал

Предраг Петровиќ