РК Вардар против Висла во осминафиналето од ЛШ

Од:

Македонскиот ракометен вицепрвак Вардар во 1/8финалната фаза од Лигата на шампионите ќе игра со Висла Плок. Денешната жрепка во Виена на „црвено-црните“ за противник им го донесе полскиот претставник и третопласиран тим од Б групата во групната фаза од елитното натпреварување.

Вардар како второпласиран заврши во Ц групата и поради тоа ќе ја има предноста реваншот да го игра на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“.

Другите двојки за 1/8 фаза се: Ла Риоха – Веспрем, Монпеље – Киелце, Алборг – Барселона, Кил – Флензбург, Данкерк – ПСЖ, Рајн Некар – ПИК Сегед и Загреб – Колдинг.

Првите натпревари ќе се во термините од 11-15 март, а реваншите од 18-22 март.

 

Фото: МИА

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он