Ристоски: Ова е голема победа за нас

Од:

Македонската одбојкарска репрезентација со три победи го заврши првиот турнир од Европската лига што изминативе три дена се играше во Варна. Три победи беа постигнати над Албанија, Данска и домаќинот Бугарија.

Ваков исход не очекуваа ниту најголемите оптимисти во нашиот табор, а особено од голема важност е победата постигната вчера над Бугарија.

– Ова е голема победа за нас. Ние сме задоволни од оствареното и среќни со овој резултат, кој никој не го очекуваше на почетокот на турнирот од причина што имавме многу промени во составот во однос на ланската сезона. Последната победа ни ја „отвори“ вратата за да се вратиме во Варна на завршниот турнир. Сега ќе треба добро да се подготвиме и за натпреварите во Скопје, изјави селекторот на Македонија Жарко Ристоски.

Најголемиот дел од товарот во играта на нашата репрезентација сега е на „грбот“ на капитенот Никола Ѓорѓиев.

Селекторот на Бугарија, Мирослав Живков по дуелот изјави дека Македонија е освојувач на сребрениот медал од ланската Европска лига и многу опасен ривал. Честитки за македонскиот тим, кој по петте сета со Данска во претходното коло покажа игра со многу карактер.

Вториот турнир од Европската лига од групата А се игра од 16. до 18. јуни во Скопје во СЦ „Борис Трајковски“. Македонија првиот ден ќе игра против Албанија (четврток), во вториот ден ривал е Данска (петок) и на последниот ден противник е Бугарија (сабота).

Би можело да ве интересира

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ