Ристоски: Нема да калкулираме одиме на победи против сите противници

Од:

Жарко Ристоски селекторот на машката одбојкарска репрезентација на Македонија е оптимист дека неговите избраници можат да го минат првиот круг од квалификациите за Европското првенство.

Иако на старт на подготовките Ристоски уште еднаш се соочи со старите проблеми, па од 17-те повикани одбојкари, подготовките ги започна само 10, сепак тој смета дека Македонија има шанси да ја мине групата.

– Нема да калкулираме ништо, одиме на победа против сите репрезентации, и одиме да го освоиме најмалку второто место. Доколку завршиме како најдобро второ пласирана селекција во сите групи, секако ќе бидеме задоволни, изјави селекторот Жарко Ристоски на денешната средба со новинарите.

Квалификациските натпревари ќе се играат во салата „Парк” во Струмица од 9 до 11 мај, а противници на нашите одбојкари ќе им бидат селекциите на Азербејџан, Грузија и Шведска.

Само првопласираната селекција директно ќе продолжи во вториот круг од квалификациите, а место ќе има и за најдобрата второпласирана селекција од сите групи.

Доколку Македонија го освои првото место во вториот круг од квалификации за противници ќе ги има репрезентациите на Полска, Словачка и со Летонија.

– Што се однесува до ривалите, директен конкурент ќе ни биде Шведска. Грузија и Азербејџан последните официјални натпревари, ги имаат играно пред две години, па така за нив немам многу информации. Сепак, играме пред домашна публика, амбициите ни се да го минеме овој турнир и да се пласирам во следната фаза од квалификациите, додаde селекторот Ристоски.

До стартот на натпреварите во Струмица, македонските одбојкари ќе одиграат два контролни натпревара со Црна Гора, на 1 и 3 мај во Будва.

Би можело да ве интересира

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ