Рио Фердинанд кандидат за потпретседател на ФИФА

Од:

Поранешниот англиски репрезентативец Рио Фердинанд е меѓу кандидатите на Англиската фудбалската асоцијација (ФА) како британски претставник за местото потпретседател на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА).

Како што пренесуваат британските медиуми, ФА изготвила листа за потпретседател на ФИФА од Велика Британија, откако директорот на Манчестер Јунајтед, Дејвид Гил, ја откажал својата кандидатура.

Рио Фердинанд е меѓу кандидатите, иако е сеуште активен фудбалер, односно настапува за премиер лигашот Квинс Парк Ренџер во чии редови дојде изминатото лето од Манчестер Јунајтед.

Покрај Фердинанд, меѓу кандидатите се уште двајца поранешни репрезентативци на Англија, Грем Ли Со, и голманот Дејвид Џејмс кој брани за индискиот клуб Карала Бластерс, како и поранешниот играч на Челзи Пол Елиот.

Изборот на ФИФА ќе се одржи во март следната 2015 година.

Би можело да ве интересира

ФИФА: Светско првенство 2030 година во шест земји, 2034 година во Саудиска Арабија

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи