Рикелме ја напушти Бока

Од:

После поразот во купот Либертадорес од Коринтијанс, Хуан Роман Рикелме порача дека нема повеќе што да и понуди на Бока јуниорс и објави дека веднаш го напушта великанот од „Бомбоњерата“!

После разговорот со претседателот на клубот Даниел Анхелиси,одличниот плејмејкер порача дека го завршува својот втор мандат во Бока и дека му е неопходно да ги „наполни батериите“.

„Разговарав со претседателот и му кажав дека не ја продолжуваме соработката. Му благодарам на тимот и екипата, но веќе немам што да им понудам.Празен сум“, им рече 34-годишниот мајстор на новинарите.

Рикелме порача дека и понатака чувствува голема љубов кон Бока,но дека стигна до крајот на патот.

„Сега сакам само да отидам дома,да направам скара за пријателите и да ги видам моите деца. Се што можам да побарам од нив е да ми простат што не можев уште еднаш да го приграбам трофејот“.

Еден од најлуцидните фудбалери на планетава порача дека ќе земе долг одмор,бидејќи е исцрпен.

„Ако ме прашаат пријателите каде ке играм сега,ќе им кажам да дојдат кај мене да се натпреваруваме на мојата видео конзола,бидејќи јас веќе не можам да играм. Празен сум, немам веќе што да понудам“, тажно заклучи човекот кој своевремено го донесе Виљареал до полуфиналето на Лигата на шампиони.

Би можело да ве интересира

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он

ВИДЕО: Тренерот на ПАОК сам нападна неколку навивачи на АЕК, ​​доби суспензија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Навивач го прекина едноминутното молчење за жртвите во Магдебург, цел стадион му одговори

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фудбалерот на Монако тешко го повреди Донарума

Горан Наумовски

Фудбалерите на Реал Мадрид по деветти пат станаа светски клупски шампиони

Фудбалерите на Црвена звезда го декласираа Нови Пазар во српската Суперлига

Горан Наумовски