Рикардо замена за Вебер во „Ред Бул“

Од:

Австралискиот возач во Формула 1 Даниел Рикардо од следната сезона ќе вози за „Ред Бул“ на местото на Марк Вебер, соопштија од австрискиот тим.

Рикардо дебитираше на трка од шампионатот во Формула 1 во 2011 година кога се возеше за Големата награда на Велика Вританија како возач на „ХРТ“, а негов досегашен најдобар пласман е седмото место остварено оваа година на трката во Кина како возач на „Торо Росо“.

Оваа информација доаѓа по многубројните шпекулации за тоа кој ќе биде новиот клупски колега на шампионот Себастијан Фетел. Во конкуренција за второто место во „Ред Бул“ беше и Кими Раиконен, но преговорите со него не завршија успешно.

Би можело да ве интересира

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур