Рикардо триумфираше на трката за ГН на Кина

Од:

Пилотот на Ред Бул, Даниел Рикардо ги изненади фаворитите и освои победа во Кина.

Австралиецот имаше многу силна трка и ја забележа шестата победа во кариерата во Формула 1.

Трката беше многу драматична, откако лидерот на табелата од почетокот на сезоната, Себастијан Фетел од ферари се удри со Макс Верстапен на 13 круга пред крај на трката и на крајот заврши осми.
На подиумот по Рикардо се најдоа Валтери Ботас (Мерцедес) и Кими Раиконен (Ферари).

Макс Верстапен заврши на четвртото место откако го удри шампионот Себастијан Фетел и го испрати на седмо место, а потоа Германецот заврши на осми.

Холанѓанецот беше казнет и на крајот го освои петтото место. Пред него заврши актуелниот шампион од Мерцедес, Луис Хамилтон.

Во првите десет се најдоа уште Хулкенберг (Рено), Алонсо (Мекларен), Сајнц (Торо Росо) и Магнусен (Рено)

Со освоените 6 поени, Фетел остана на врвот со 54 поени, додека Луис Хамилтон е со 45. Валтери Ботас по денешното второ место има 39, а Дани Рикардо веќе е со 37.

Би можело да ве интересира

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур