Возачот на „Ред Бул“ Даниел Рикардо е оптимист што се однесува до настапите во продолжението на сезоната.
– Кога може „Ферари“ да се носи со „Мерцедес“ тогаш можеме и ние. Нивните резултати и тимска работа се добар пример како да се продолжи, изјави Рикардо.
Австралијанецот очекува до трката во Бахреин луѓето од неговиот тим да го притиснат „волшебното“ копче.
– Имаме очаен старт и сега очекувам луѓето во тимот да го извадат џокерот, да го притиснат „волшебното“ копче и работите да тргнат на подобро. Како и да е, мое е да возам најдобро што знам на болид каков што ќе ми биде подготвен, истакна возачот на „Ред Бул“.