РФМ со соопштение до јавноста за последните натпревари на македонските екипи и репрезентации

Од:

Ракометната федерација на Македонија со соопштение се огласи по вчерашните настапи на македонски екипи и репрезентации, а во целост ја пренесуваме изјавата на генералниот секретар Филип Милошевски, во која се вели:

Ракометниот викенд кој веќе е зад нас, претставува вистински показател на квалитетот, добрата повеќегодишна системска работа и несебичната индивидуална посветеност и пожртвуваност на македонските ракометари и ракометарки, посветеноста на ракометните клубови и на сите ракометни работници во земјава.

Нашиот национален сениорски тим на натпреварот со Исланд во Рејкјавик повторно покажа врвна игра и пример за борбеност, достојно бранејќи ги боите на Македонија. Нашиот женски првак „ЖРК Вардар“, лавовски и до последен атом на силите се бореше за титулата во Лигата на шампионките.

Ракометната Федерација на Македонија во оваа прилика би сакала со огромна почит да упати искрени и срдечни честитки за истрајноста, упорноста и врвниот квалитет кој нашите „Вардарки“ го покажаа при вчерашниот меч против унгарскиот првак.

Сепак, и покрај динамичноста при двата натпревари, не можеме да не ги споменеме веќе редовните нееднакви критериуми практикувани од официјалните лица на натпреварите, делегирани од ракометните авторитети при настапи на македонскиот национален тим или македонските ракометни клубови, а кои особено во одлучувачки моменти имаат негативно влијание на играта и крајниот исход на мечевите.

Ракометната федерација на Македонија нема инструмент да реагира на примената на нееднаков аршин од страна на ракометните авторитети кога станува збор за меѓународните натпреварувања, но ќе реагира во домашни рамки. Во претстојниов период, ќе направиме анализа на актвностите при телата на ЕХФ и ИХФ на нашите делегирани претставници и доколку има потреба, ќе побараме од УО при РФМ да се направи ревизија на пријавените службени лица од Македонија во ЕХФ/ИХФ за наредната сезона.

Ние како Федерација и понатаму ќе останеме максимално мотивирани и ќе направиме сè што е во наша моќ да поставиме стабилен терен за нашите ракометари и ракометарки и достојна верификација на нивниот вложен труд и макотрпна работа.

Безрезервната финансиска, кадровска и организациска инвестиција на Ракометната федерација на Македонија за развој на ракометот во последните години во нашата земја, потпомогната од клубовите, приватните спонзори и државата, е насочена првенствено кон унапредување на овој спорт во земјава и подобро етаблирање на Република Македонија на светската ракометната мапа.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ