РФМ постепено ќе ги намалува странците во клубовите

Од:

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) донесе одлука почнувајќи од следната сезона да се намалува бројот на странски играчи во клубовите. Во моментов нема ограничување за бројот на странските ракометари, а според одлуката во 2015/16 година клубовите ќе можат да ангажираат 12 играчи. Секоја следна сезона бројот ќе се намалува се додека не се стигне до осум.

Ограничувањата ќе се однесуваат за домашните натпревари во првенството и во купот, додека за настапите на европската сцена, клубовите нема да бидат ограничени.

Според претседателот на РФМ Живко Мукаетов со ваквата одлука безболно ќе се пристапи кон зголемување на бројот на квалитетни македонски ракометари.

– Со ваквиот чекор сакаме да помогнеме на ракометарите, ракометарките, гледаме на ова како ветер во грб за клубовите. Затоа и се решивме за еден ваков долгорочен проект, наместо веднаш да се „сече“ нешто што се движи во позитивна насока, изјави Мукаетов.

РФМ на денешната седница одлучи таксата за ангажирање на странски играчи да се зголеми од сегашните 800 евра на 1.000 евра за играч по сезона.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ