РФМ ќе ги награди репрезентативците со 40 илјади евра

Од:

Ракометната федерација на Македонија ќе додели премија во вредност од 40.000 евра на машката сениорска репрезентација, за пласманот на Европското првенство во Хрватска 2018.

Македонија обезбеди пласман за ЕП преку квалификациите кои ги заврши на првата позиција во групата во конкуренција на Чешка, Украина и Исланд.

Ова е петти обезбеден пласман за македонските сениори на големите континентални натпреварувања и вкупно десетти заедно со Светските првенства.

Покрај одлуката за премија на репрезентацијата, РФМ донесе одлука сите клубови во Женската сениорска лига на Македонија да бидат ослободени од исплата на судиски и делегатски такси, почнувајќи од сезона 2017/18. Единствен трошок на клубовите за учество во Женската сениорска лига остануваат патните трошоци за службените лица.

– Минатата сезона 2016/17, РФМ комплетно ги превзема трошоците за судиските и делегатските такси на сите клубови од младите категории (младински, кадетски и пионерски лиги во машка и женска конкуренција), а почнувајќи од наредната сезона 2017/18, РФМ ќе ги покрие таксите за службените лица и на клубовите од Женската сениорска лига, соопштија од РФМ.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он