РФМ го промовираше Червар во нов селектор

Од:

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) денеска на прес-конференција го претстави новиот селектор Лино Червар.

Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов информира дека со Червар е потпишан четиригодишен договор.

– За мене големо задоволство е за селектор да имаме човек со светска и олимписка титула. Со Червар ќе работиме на долги патеки, минимум четири години и од него очекуваме и координација на другите репрезентации, а не само на сениорската, рече Мукаетов

Хрватскиот стратег рече дека доаѓа кога македонската репрезентација се наоѓа во лошо време со неисполнет олимписки сон.

– Сакам дури сега, кога е најтешко, заедно со РФМ, играчите и соработниците, да помогнам да се продолжи македонската ракометна приказна и на следните големи натпреварувања кои се пред нас, како Светското првенство 2017 во Франција и Европското првенство 2018 во Хрватска. Паралелно со тие цели, мораме заеднички да работиме на натамошно развивање на македонскиот ракомет. Да водиш репрезентација на една држава е голема чест и одговорност, бидејќи ракометот ја претставува и државата Македонија. Исто така да играш за репрезентацијата, за својата татковина, претставува најголем спортски успех и признание, пред сите можни клупски успеси. Натпреварите на ракометната репрезентација предизвикуваат голем јавен интерес, што е денес за Македонија неопходно, истакна Червар.

Тој ги соопшти идните цели кон кои ќе се стреми Македонија под негово водство. Меѓу нив се долгорочна стратегија, оперативен план, програма и модел за работа со сите категории, стручно усовршување, подобрување на условите за работа во клубовите, воспоставување на соработка меѓу сите спортски работници, градење култ кон репрезентацијата, тимска работа и колективна свест и краткорочни оперативни цели кои ги опфаќаат квалификациите за СП против Чешка и настапите на младите репрезентации на меѓународна сцена ова лето.

Червар уште еднаш повтори дека вратите за секој кој заслужува, а сака да игра за репрезентација се отворени.

– Кој сака да игра за Македонија вратите му се отворени, но кога ќе дојде во репрезентацијата, на прво место е колективот, а потоа поединецот. Секогаш треба да се гледа интересот на тимот, а потоа на поединецот. Тоа е услов за успех, потенцира новиот предводник на „црвено-жолтите“.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ