Вчера се одигра првата серија од седмото коло од квалификациите за ЕП 2020.
Белгија стана првиот сигурен учесник на завршницата на шампионатот откако го совлада Сан Марино со 9-0, и се недостижни за едно од првите две места во групата.
Холандија многу тешко да ја совлада Северна Ирска со 3:1, а сега во оваа група три екипи се на врвот со по 12 поени.
Хрватска и врати на Унгарија и сега има предност од 3 бода на првата позиција.
Роберт Левандовски пак не пропушти да блесне – три гола против Летонија, а неговата Полска е лидер во групата „Г“, каде е и нашата репрезентација, која синоќа ја совлада Словенија со 2:1 со головите на нашата нова ѕвезда – Елиф Елмас.
Резултати од квалификациите за ЕП 2020, 7.коло:
Група „Ц“:
Холандија – Северна Ирска 3:1
Белорусија – Естонија 0:0
Група „Е“:
Хрватска – Унгарија 3:0
Словачка – Велс 1:1
Група „Г“:
Австрија – Израел 3:1
Северна Македонија – Словенија 2:1
Латвија – Полска 0:3
Група „И“:
Белгија – Сан Марино 9:0
Русија – Шкотска 4:0
Казахстан – Кипар 1:2