Верати најверојатно ќе го пропушти Европското првенство

Од:

Играчот за врска на италијанската фудбалска репрезентација и на ПСЖ, Марко Верати (28) ги повреди лигаментите на десното колено, поради што неговиот настап на претстојното Европско првенство е неизвесен.

Верати, како што соопшти неговиот клуб, се повреди на тренинг, а според прогнозите на лекарите, ќе паузира меѓу четири и шест недели.

Италијанскиот играч од средниот ред сезонава поради повреди и Ковид-19 често беше надвор од теренот и одигра само 31 натпревари во дресот на ПСЖ, а сега му претстои нова пауза.

По елиминацијата во полуфиналето на Лигата на шампиони, ПСЖ е второпласиран во француското првенство со три бодови помалку од лидерот Лил на две кола до крајот на сезоната.

Европското првенство започнува на 11 јуни со мечот меѓу Италија и Турција на стадионот „Олимпико“ во Рим.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ