Со 10 натпревари вчеравечер започнаа квалификациите за ЕП 2020. 55 тимови учествуваат во битката за учество во завршницата на шампионатот, кој ќе се одржи во различни градови низ континентот.
Првиот натпревар донесе изненадување – Казахстан ја победи Шкотска со 3:0 во групата „И“, во која потоа Кипар го победи Сан Марино со 5:0. Во дербито на денот, Еден Азар ја предводеше Белгија до победа со 3:1 над Русија.
Фокусот на акедонската јавност беше на Градскиот стадион, каде нашата селекција ја оствари првата победа против Летонија со 3:1 во меч од групата „Г“. Елмас на сва пати и Алиоски беа стрелци на головите во јубилејот на Горан Пандев, кој асистираше за првиот гол.
Вниманието на европската јавност сепак беше насочено кон судирот меѓу Австрија и Полска во Виена. Полјаците си заминаа сп три бода по победата со 1:0. Единствениот гол го реализира напаѓачот на Милан, Кшиштоф Пјатек. Во истата група, Израел и Словенија одиграа 1:1.
Светскиот шампион Хрватска се намачи против Азербејџан на „Максимир“ во Загреб, но со головите на Борна Баришиќ и Андреј Крамариќ направи пресврт и победи со 2:1. Во вториот натпревар од групата „Е“, Словачка запиша победа со 2:0 против Унгарија.
Во групата „Ц“ Холандија немаше никакви проблеми со Белорусија, откако победи со 4:0, а Северна Ирска ја совлада Естонија со 2:0, а двата гола паднаа во второто полувреме.
Квалификации за ЕП 2020, 1 коло:
Група „И“:
Казахстан – Шкотска 3:0
1:0 Перцух (6)
2:0 Вороговски (10)
3:0 Заинутдинов (51)
Кипар – Сан Марино 5:0
1: 0 Сотиру (19-пенал)
2: 0 Сотиру (23-пенал)
3:0 Кусалос (26)
4:0 Ефрем (31)
5:0 Лафис (56)
Белгија – Русија 3:1
1:0 Тилеманс (14)
1:1 Черишев (16)
2:1 Азар (45-пенал)
3:1 Азар (88)
Група „Ц“:
Северна Ирска – Естонија 2:0
1:0 Мекгин (56)
2:0 Дејвис (75-пенал)
Холандија – Белорусија 4:0
1:0 Депај (1)
2:0 Вајналдум (21)
3:0 Депај (55-пенал)
4:0 Ван Дајк (86)
Група „Е“:
Словачка – Унгарија 2:0
1:0 Дуда (42)
2:0 Руснак (85)
Хрватска – Азербејџан 2:1
0:1 Шејдаев (19)
1:1 Баришиќ (44)
2:1 Крамариќ (79)
Група „Г“:
Израел – Словенија 1:1
0:1 Шпорар (48)
1:1 Захави (55)
Северна Македонија – Латвија 3: 1
1:0 Алиоски (11)
2:0 Елмас (29)
2:1 Исаев (87)
3:1 Елмас (90)
Австрија – Полска 0:1
0:1 Пјатек (69).