Ревија на олдтајмери во Делчево

Од:

Пехарот за најстаро возило на ретроревијата на олд-тајмери која денеска се одржа во Делчево го доби Христо Пенчев Пенев од Габрово Бугарија за стариот мотор хјун-дап произведен во1942 година.

Пехарот за најмлад учесник го доби Даме Иванов од Делчево кој учествуваше со своето фиќо, а пехарот за најреставриран автомобил е за Ивајло Цеков од Благоевград за возилото понтијак.

На ретроревијата на стари автомобили која денеска се одржа во Делчево во организација на Здружението „Kings of the roads“ од Делчево, а со поддршка на општина Делчево учествуваа преставници од повеќе градови од соседна Бугарија и од Македонија и возила стари повеќе од половина век.

Организаторот, Лоренцо Трајановски од Делчево е задоволен од посетеноста на ревијата и од изложените олд-тајмери.

– Има 50 возила и задоволни сме од посетеноста и покрај лошите временски услови. Денеска во Делчево успеаја со своите олд тајмери да додјдат колегите од Бугарија и тоа од Благовеград, Велинград, Габрово, Софија, од Ќустендил, како и од Македонија од Штип, Кочани, Виница и се разбира, овде ги изложивме и најдобите и најдобро сочуваните возила од Делчево. Тука се волсфагени, волги, лади, заставините возила, фиќа, фиат или околу 35 возила. Имаме возила произведени 1962-ра, мерцедес и понтијак, а сепак главна атракција претставуваат старите мотори на колегите од Габрово, Бугарија кои до Делчево стигнаа со нив и ни ја покажаа старата добра германска марка на мотори, рече Трајановски.

Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски ги додели пехарите на најдобрите учесници.

– Со оваа ретроизложба на олд тајмери се вративме во времето кога низ улиците на Делчево се возеа добро познатите заставини возила, фиат, фиќо, лада, буба, но и по некој мерцедес, понтијак. Ова е прекрасна ревија која покажува дека на старите возила доколку им се обрне внимание, може повторно да го добијат приматот на „кралици на патиштата“. Општина Делчево е покровител на оваа ретроревија и ќе вложиме напори оваа ретроревија на олд-тајмери да прерасне во традиција со што и Делчево ќе го впишиме во семејство на градови каде се негува со посебен пиетет љубовта кон олд тајмерите, истакна Трајковси.

Ретроизложбата на олд-тајмери привлече голем број вљубеници на автомобилите, а сите учесници добија благодарници.

Би можело да ве интересира

„Буби“ и други олдтајмери на собир во Скопје

Ана Ололовска

Делчево го доби првиот Музеј на олдтајмери

Ана Ололовска

ВИДЕО: Олдтајмерот на Ал Капоне „1928 Кадилак“ е ставен на продажба

А1он

Оневозможен е пристапот до Музејот за стари возила на Дионис Пашлаков

Ана Ололовска

Олтајмери и мотоцикли од шест држави на вториот „Skopje Classic Day”

Ана Ололовска

Над 50 олтајмери и 30 класични мотоцикли на „Skopje Clаssic Day“

Ана Ололовска