Ревија на олдтајмери се одржа на плоштадот во Автокоманда по четврти пат, во рамките на одбележување на 3-ти ноември -Денот на општина Гази Баба.
Олдтајмерите возеа од плоштадот во Автокоманда до Скопскиот саем, а од таму низ улиците на градот се до Триумфалната порта .
По завршувањето на ревијалното возење сите учесници добија соодветни награди.