Компанијата Ламборџини помина една година реставрирајќи го моделот Миура СВ, кој дебитирал на Саемот на автомобили во Женева пред 45 години.
Автомобилот е произведен во 1971 година, а се работи за продукциски прототип кој е уникат. Поседува многу компоненти на моделот Miura S, но и некои тогашни нови компоненти кои подоцна станале дел од разни верзии на моделот SV.
Овој Ламборџини внимателно е реставриран со помош на фотографии и стари документи за да биде што посличен на оригиналот, кој бил претставен на Саемот на автомобили во Женева пред 45 години.
Механичарите се погрижиле за моторот, кој е обоен во оригинална Verde Matallizata металик зелена боја. Ламборџини Миура СВ ќе биде изложен на изложбата на егзотични автомобили Amelia Island Concours d’Elegance.