Репрезентативците од КК Макпетрол на подготовки во Маврово

Од:

Карате клубот Макпетрол со своите репрезентативци денеска замина во својата зимска тренинг база во Маврово. Тренерот на клубот Бошко Заборски очекува каратистите да ја подигнат формата во последната подготвителна фаза за настапот на Европското првенство.

– Не смееме и не можеме да оставиме ништо на случајност. Ние секогаш правиме се што е во наш домен за максимална подготовка на нашите репрезентативци. Првиот дел од еднонеделните подготовки го завршивме на почетокот на јануари. Потоа имавме заеднички викенд подготовки со Бугарскиот национален тим. Вториот дел го направивме во Скопје во нашата тренинг сала и сега сме во завршната трета фаза од овој дел на периодизацијата до европското првенство за кадети, јуниори и (У21, постари Јуниори), кое треба да се одржи во Софија, изјави Заборски.

До почеток на првенството имаме уште неполни две недели.

– Во Маврово ќе останеме една недела, а потоа имаме и заеднички тренинг со репрезентацијата на Македонија во Скопје. За подобра подготвеност на нашите репрезентативци го вклучивме и ангажиравме комплетниот сениорски погон од клупски натпреварувачи, информира тренерот на Макпетрол.

Вкупно 15 сениори-ки ќе работат за подобра подготвеност на:Петар Заборски (-75 кг.), Моника Пендаровска (-55 кг.) и Анѓела Мојсовска (-68 кг.),сите се во возрасна група на постари јуниори У21.

Би можело да ве интересира

Недеви на карате семинар во Глазгов, Шкотска

Пет медали за Македонија на Балканското карате првенство – златен за Марко Џорлев

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Ана Ололовска

Пет медали за каратистите на „Макпетрол“ на турнирот „Кроација опен“

Ана Ололовска

Реакција од Д-р. Бошко Заборски, тренер на македонскиот најтрофеен карате клуб „Макпетрол“-Скопје