Рено во Франкфурт претстави електричен болид

Од:

Француската компанија „Рено“ го претстави новиот Спарк-Рено „СРТ-01Е“ електричен тркачки автомобил, што ќе се натпреварува во првата сезона на Формула Е шампионатот.

Болидот Рено-Спарк СРТ-01Е е претставен на Саемот на автомобили во Франкфурт. Автомобилот е развиен во соработка со повеќе компании, а за неговото производство ќе биде задолжена француската компанија „Спарк рејсинг технолоџи“.

Телото на болидот е произведено од карбон и алумминиум, електричен мотор, менувач и електроника се од Мекларен додека Вилијамс е задолжен за дизајнот и системот на батеријата.

Максималната сила на болидот изнесува 200 киловати или 270 коњски сили што се испорачуваат на задната оска.

Мишелин разработи специјални пневматици што се погодни и за сува и влажна подлога, кои се во согласност со новите правила и политика на Формула Е за заштеда и промовирање на издржливост.

Шампионатот на електрични автомобили почнува од септември идната година, а засега од десет локации познати се Лос Анџелес и Мајами.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on