Француската компанија „Рено“ веќе подолго време сериозно работи на ретро дизајнерски проекти, а по претставувањето на „Твинго“ и „Алпина“ пристигнува и најновата студија за изгледот на легендарниот „чевел“, односно моделот Рено 4.
Претходните обиди за редизајнирање на „четворката“ претставуваа повеќе копирање на стариот облик и додавање модерни детали, додека новата студија е вистинско креативно освежување на дизајнот.
Зад најновата студија на Рено 4 стои дизајнерот Кајван Надери.
Рено со новиот концепт покажува дека компанијата се уште поседува свежи идеи и страст за оживување на поранешната слава на брендот.