„Рено“ повторно има најбрз модел

Од:

Моделот „Клио РС220 Трофи“ и го поврати приматот на француската компанија „Рено“ во категоријата најбрз сериски автомобил со преден погон.

„Рено“ со моделот „Меган РС275 трофи“ речиси цела година ја држеше титулата најбрз сериски автомобил, но на тестирањето на Нирбургринг во март годинава од тронот го симна „Хонда“ со моделот „Сивик Тајп Р“.

Но, француската компанија не се предаде и успеа на истата патека да си го поврати приматот, откако „Рено Клио РС220 Трофи“ мина еден круг на Нирбургринг за 8 минути и 32 секунди, со што стана најбрз мал хечбек на оваа патека. 

Овој спортски автомобил, кој имаше премиера на овогодишниот Авто-саем во Женева, ги надмина моделите „Мини Џон Купер Воркс“ (со време 8:35), „Опел Корса ОПЦ“ (8:40) и „Ауди С1“ (8:41).

Во рекордниот круг зад воланот на „Клиото“ седеше Кристијан Гебхарт, тест возач и уредник во магазинот „Спорт Ауто“.

„Рено Клио РС220 Трофи“ има четирицилиндерски 1,6 турбо бензински мотор, кој е погон и на стандарниот „Клио РС220“. Но, моторот е зајакнат за 20 коњски сили, така што развива 220 коњски сили (162 киловати), а максималниот обртен момент со помош на функцијата „овербуст‟ може привремено да се зголемува и до 280 нанометри.

Моќноста на предните тркала се пренесува преку модифициран автоматски ЕДЦ менувач со двојно квачило, кое овозможува и до 40 отсто побрза промна на степенот на пренос во нормален режим, а до 50 отсто во тркачки режим.

Благодарение на сите унапредувања, резултатот што го забележа „Рено Клио РС220 Трофи“ е за 36 секунди подобар од оној на „обичното‟ „Клио РС220“. 

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ