Компанијата Рено го претстави својот редизајниран модел „Клио“ за 2017 година, кој донесува многу подобрувања во однос на претходната верзија.
Актуелната четврта генерација на „Клио“ се појави на пазарот во 2012 година и беше прв модел со нов дизајнерски јазик на францускиот бренд.
Најновото „Клио“ изгледа „стегнато‟ и доаѓа со редизајнирана предна маска и ЛЕД светла, а некои верзии ќе имаат ЛЕД пјур вижан фарови. Како што можеше и да се очекува, во понуда се и четири нови бои, нови сетови на фелни и украси.
„Клио“ доби и 1,5 литарски дизел мотор кој развива 110 коњски сили, а споен е со шестстепен мануелен менувач. Во понуда е и мотор со нов шестстепен менувач, со што понудата на опциите на моторот и менувачот е зголемена на 11.
„Рено“ порачките ќе ги прима во текор на летово, а верзијата „Инишиал Париз“ ќе биде достапна веднаш по почетокот на продажбата. Таа подразбира ексклузивна сива боја на каросеријата, волан пресвлечен со напа кожа, што е случај и со рачката на менувачот, специјални панели на вратите, украси на инструмент таблата, како и кожени седишта во црна или црно-бела боја.