Француската компанија Рено го претстави новиот модел КВИД, што официјално е наменет за индискиот пазар, но ќе се продава и глобално.
Претходно беше објавено дека моделот ќе го носи името „Каја“, но сепак францускиот производител се одлучи за „КВИД“, како и концептот од 2014 година.
Моделот е изработен на ЦМФ-А платформа во соработка со Нисан, а неговиот изглед се опишува како хеџбек со влијание на кросовер.
Рено КВИД е долг 3,68 метри, широк 1,58 метри и има едноставна но функционална кабина со 7-инчен екран осетлив на допир и дигитални инструменти.
Комапнијата нагласува дека КВИД има најголем ентериер и багажен простро во класата, а под хаубата се наоѓа мал 0,8 литарски мотор со 5-степен мануелен менувач.
Индија е главниот пазар на КВИД, но Рено нагласува дека моделот ќе биде интернационален.