Не се случува секој ден големиот Глазгов Ренџерс да гостува во малиот Елџин.
Но натпреварот од редовното коло во четвртата шкотска лига нема да биде одигран поради неверојатна причина – домаќинот продал повеќе карти отколку што е капацитетот на стадионот Бору Бриџ.
На стадионот кој има 4780 столчиња во недела може да се најдат 11.000 луѓе повеќе отколку што е капацитетот на стадионот 4.520.
Натпреварот е одложен од страна на шкотскиот сојуз поради неможност на домќинот да гарантира безбедност.
„Знаеме дека многумина ќе бидат разочарани со оваа одлука, но наша примарна грижа одсекогаш била безбедноста и не можеме да дозволиме ситуација која би можела да ги доведе во опасност човечките животи“ – рече супервизорот Марк Купер.