Реми на Шведска и Португалија за влез во полуфиналето на ЕП У-21

Од:

Репрезентациите на Португалија и на Шведска се пласираа во полуфиналето на Европското првенство за фудбалери до 21 година што се одржува во Чешка.

Тие синоќа во меѓусебниот дуел од 3.коло во Б-групата одиграа нерешено 1:1. Со овој резултат победата на Италија над Англија од 3:1 немаше вредност за Италијанците  да се пласираат на едно од првите две места.

Сепак, победата на Италија и го донесе баражот и дуелот за 5.место против домаќинот Чешка, а подобриот од овој меч ќе се пласира на Олимписките игри во Рио следната година.

Конечна табела Б-група: Португалија 5 бодови, Шведска 4, Италија 4, Англија 3.

Во полуфиналето в сабота ќе играат: Данска – Шведска и Германија – Португалија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пред 61 година, репрезентацијата на СССР ја победи Југославија во финалето на првото ЕП

Ана Ололовска

УЕФА ги активираше мобилните апликации за преземање на билетите за ЕП

Ана Ололовска

Де Бур го финализира составот за Евро 2020

Ана Ололовска

Ибрахимовиќ нема да игра на Европското првенство

Ана Ололовска

Верати најверојатно ќе го пропушти Европското првенство

Жарко Настоски

Руските организатори на ЕП дадоа „зелено светло“ за навивачи од странство

Жарко Настоски