Репрезентациите на Португалија и на Шведска се пласираа во полуфиналето на Европското првенство за фудбалери до 21 година што се одржува во Чешка.
Тие синоќа во меѓусебниот дуел од 3.коло во Б-групата одиграа нерешено 1:1. Со овој резултат победата на Италија над Англија од 3:1 немаше вредност за Италијанците да се пласираат на едно од првите две места.
Сепак, победата на Италија и го донесе баражот и дуелот за 5.место против домаќинот Чешка, а подобриот од овој меч ќе се пласира на Олимписките игри во Рио следната година.
Конечна табела Б-група: Португалија 5 бодови, Шведска 4, Италија 4, Англија 3.
Во полуфиналето в сабота ќе играат: Данска – Шведска и Германија – Португалија.