Реми на Металург и ЖРК Вардар

Од:

Според распоредот првото коло од женската македонска Супер лига го донесе големото дерби меѓу лутите ривали Металург и Вардар СЦБТ. Дуелот се одигра во салата „Автокоманда“ и заврши нерешено 23:23.

На полувремето домаќинките водеа со 11:10, најмногу по заслуга на Симона Гроздановска за која „вардарките“ не најдоа одбрана.

Во вториот дел Вардар заигра подобро па во 45.минута ја имаше и највисоката предност од четири голови (19:15). Сепак, упорните ракометарки на Металург не се откажуваа до последниот момент и тоа им донесе резултат. Зорица Деспотовска и Робертина Мечевска ги реализираа последните два напада и му донесоа бод на тимот од скопска Автокоманда.

Гроздановска со осум и Мечевска со седум  погодоци беа најефикасни во домашниот состав, а во тимот на Вардар се истакнаа Јованка Радичевиќ и Марија Лопур дадоа по пет голови.

На другите две средби од 1. коло постигнати се следниве резултати: Кожувачанка – Жито Прилеп 21:29 и Металург Скопје – ЖРК Вардар 20:19.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска