Рели на ексклузивни олдтајмери во Скопје

Од:

„АКК примо авј“ и „О.К. класик“, под покровителство на Општина Центар, денеска организираат манифестација од еднодневен карактер – „Олдтајмер рели Скопје 2018“.

Ревијата се состои од два дела. Првиот дел е изложба на олдтајмери и мотоцикли, во кој ќе учествуваат 20 странски и 35 домашни претставници на ексклузивни олдтајмери поделени во два периода, до 1970 година и од 1971 до 1984 година. Возилата ќе бидат оценети и наградени од стручна техничка комисија.

Вториот дел е олдтајмер-рели, кое првпат се организира во Скопје. Стартот и целта се пред Општина Центар по точно одредена рута со претходно изготвена патна книга. Возилата ќе бидат поделени во две класи, а победниците наградени.

Учество е дозволено на сите возила што ги исполнуваат прописите на посебниот правилник.

„Historic Авторели Скопје Центар 2018“:

Класа 1-возила произведени до 1970 година
Класа 2-возила произведени од 1971 до 1984 година

Изложба „Historic Скопје 2018“:

Категорија најстаро возило
Категорија најоригинално реновирано
Категорија кабриолет-возила

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on