Рекордни 43 поени за Ирвинг во победата на Бостон над Торонто

Од:

Бостон го победи Торонто со 123:116 во натпревар од НБА лигата, на кој Кајри Ирвинг забележа личен рекорд сезонава со 43 поени.

Тој постигна 17 поени во последните осум минути на четвртата четвртина и го доведе натпреварот до продолжение, во кое асистираше на секој кош или го постигна.

Ирвинг го заврши натпреварот со 11 асистенции, а Џејсон Тејтум забележа 21 поени и седум скока.

Бостон со ова ја израмни серијата против Торонто на 1-1, но Селтикс заостануваат во однос на пласманот зад „рептилите“ во Атлантската дивизија.

Каваи Леонард постигна 31 поени и забележа личен рекорд сезонава со 15 скока за Торонто, кој загуби три натпревари по ред по одличниот старт со 12 победи во 13 дуели.

Резултати од НБА:
Бостон – Торонто 123:116 по продолжение
Индијана – Мајами 99:91
Филаделфија – Јута 113:107
Вашингтон – Бруклин 104:115
Мемфис – Сакраменто112:104
Минесота – Портланд 112:96
Њу Орлеанс – Њујорк 129:124
Милвоки – Чикаго 123:104.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот