Рекордни 149 поени за Мајами

Од:

Екипата на Мајами Хит реализираше рекордни во историјата на клубот 149 поени при победата со 149:141 по две продолженија остварена ноќеска над Денвер Нагетс.

Џејмс Џонсон стана херој за „жешките“ во второто продолжение на натпреварот, кога последователно забележа кош од игра, две тројки и забивање обезбедувајќи недостижна предност за неговиот тим, откако по првото продолжение резултатот беше 131: 131.

Џонсон ја заврши средбата со 31 поен и 11 скока, Кели Олиник додаде 30, а кај гостите се истакна Србинот Никола Јокиќ со 34 поени и 15 скока.

Со победата Мајами го помина Милвоки и сега е седми во Источната конференција на НБА лигата.

Денвер е 10-ти во Западната конференција.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот