Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо уште еднаш ја истакна посветеноста кон репрезентацијата.
Роналдо синоќа го постигна водечкиот гол на пријателскиот натпревар против Катар (3:0).
Како и секогаш, горд сум што ја претставувам мојата земја и нејзините бои. Уште еден успешен тест на нашиот амбициозен, непопустлив пат кон сонот – историското Светско првенство 2022 година во Катар! – напиша Роналдо.
Триесет и шестгодишниот Португалец постигна гол против 46-тата земја, што е нов рекорд.