„Ленд Ровер“ го претстави најбрзиот сериски модел во историјата на компанијата „Рејнџ Ровер Спорт СВР“ со 550 коњски сили и забрзување од 0 до 100 километри на час за 4,5 секунди.
„Рејнџ Ровер Спорт СВР“ има подобрен 5,0 литарски В8 мотор со компресор што испорачува 550 коњски сили. Во однос на стандардниот „Ренџ Ровер Спорт“, моторот е помоќен за 40 коњски сили.
Силата се пренесува на сите четири тркала преку осумстепен автоматски ЗФ менувач што овозможува моделот од 0 до 100 километри на час да забрза за само 4,5 секунди и максимална брзина од 260 километри на час.
„Рејнџ Ровер Спорт СВР“ патеката Нирбургринг ја мина за 8 минути и 14 секунди, со што стана најбрзиот СУВ на оваа патека.
„Ленд Ровер Рејнџ Ровер Спорт СВР“ ќе биде премиерно претставен на 14 август во Пебл Бич во Калифорнија. Во Европа моделот ќе биде достапен од октомври по цена од околу 117.000 евра.