Регионална фудбалска лига ќе стартува во 2015 година?

Од:

Регионална фудбалска лига, составена од 16 екипи, ќе стартува пролетта во 2015 година, дел од лигата според плановите на Европската фудбалска унија (УЕФА) ќе биде и Македонија.

Хрватскиот весник „Јутарњи лист“ пренесува дека во средноевропската-балканка лига ќе учествуваат екипи од просторите на поранешна Југославија – Македонија, Словенија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, плус тимови од Бугарија и Унгарија.

На оваа тема било разговарано на неодамнешниот состанок, одржан на 17 и 18 септември во Будва, на кој биле присутни претседателите на националните сојузи од споменатите земји.

Состанокот го координирал заменикот на генералниот секретар на УЕФА и шефот на одделот за соработка со националните сојузи, Теодор Теодоридис.

Според истиот извор сите присутни претставници на националните сојузи го поддржале формирањето на едно вакво регионално натпреварување. Македонија на состанокот ја претставувал претседателот на ФФМ, Илчо Ѓоргиоски и останатите фудбалски сојузи од просторите на поранешна Југославија биле претставени од првите луѓе – Томислав Караџиќ (Србија), Дејан Савичевиќ (Црна Гора), Ивица Осим (БиХ), Александер Чеферин (Словенија) и Давор Шукер (Хрватска).

На состанокот се разговарало и за предлогот за новиот формат на одигрувањето на завршницата на Европското првенство, според кој домаќин би била цела Европа, а натпреварите би се играле во различни европски градови. Овој формат најверојатно во пракса ќе биде спроведен во 2020 година.

Би можело да ве интересира

Норвешки клуб мораше да помине 220 метри со автобус до европскиот натпревар поради едно бизарно правило

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ

Фергусон: Секако дека се плашам од тоа

Предраг Петровиќ

Нова катастрофа за Динамо: Ги „казни“ последнопласираниот Славен

Предраг Петровиќ

Платини предложи револуционерна промена во фудбалот: Бројот на играчи да се намали од 11 на 10

Предраг Петровиќ

„Не победивте поради вас, туку затоа што јас наместив

Предраг Петровиќ