Мароканскиот дефанзивец, Ашраф Хакими премина во Интер за надомест за трансфер од 40 плус дополнителни 5 милиони евра, соопштија од неговиот клуб Реал Мадрид.
Неговиот договор со „нероазурите“ ќе биде до 2025 година.
Во последните две сезони, 21-годишниот играч играше како отстапен во Дортмунд и стана една од сензациите во Бундеслигата.
Ашраф е „дете“ на Реал Мадрид, откако влегува во академијата на „белите“ уште во 2006 година.