Разврска за ракометниот Ф4 во Лигата на шампионите

Од:

Реванш четвртфиналните натпревари од ракометната Лига на шампиони ќе се одиграат денеска и утре. Два натпревара се играат денеска, а два утре. Македонскиот првак Металург утре во 17 часот гостува кај полскиот шампион Киелце.

Противникот има предност од првиот дуел по победата во Скопје од 27:25. На ова гостување Металург ќе настапи без повредените Миладин Козлина и Дамир Батиновиќ, кои останаа во Скопје. Вечерва во 19 часот во „Блауграна“ во Барселона е шпанската пресметка меѓу шпанскиот првак Барселона и Атлетико Мадрид на нашиот Кирил Лазаров.

На првиот натпревар Атлетико победи со 25:20, а Лазаров и покрај повредата добиена на тој натпревар најави дека ќе настапи во реваншот. Во терминот од 16 часот денеска играат унгарски Веспрем и европскиот шампион Кил. Предност од еден гол од првиот натпревар има Кил (32:31 за Кил на првиот дуел). Утре покрај дуелот Киелце – Металург се игра и дуелот на германските екипи Хамбург и Флензбург. Хамбург е пред пласман на „Фајнл фор“ во Келн, бидејќи на првиот натпревар како гостин победи со 32:26.

Поуспешните од четвртфиналните натпревари ќе играат во Келн на завршниот турнир на 1 и на 2 јуни.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он