Раул: Ова беше тежок дуел за нас и затоа победата е важна

Од:

По четвртиот добиен натпревар во групата во Лигата на шампионите македонскиот првак Вардар со максимални осум бодови е на делба на првата позиција со европскиот шампион Киелце. Вчера беше извојувана победа над ПИК Сегед од Унгарија со 30:27.

На прес конференцијата тренерот на Вардар, Раул Гонзалез изјави:

– ПИК Сегед одигра добар натпревар. Ние не почнавме најдобро во натпреварот, имавме проблеми со одбраната. Во вториот дел ја сменивме, а Милиќ кој беше одличен на голот направи разлика. Сепак ова беше тежок дуел за нас. Задоволен сум од победата, но мораме да продолжиме и треба да триумфираме во Загреб.

Тимур Дибиров беше најефикасниот играч на натпреварот со осум голови.

– Секогаш кога се игра против ПИК Сегед е тешко. Тоа е екипа која тешко се добива со поголема разлика. Нас не не интересира разликата, важни се победите, а победивме голема екипа. За нив е проблем дека имаат 11-12 нови играчи, посочи рускиот интернационалец.
Тренерот на гостите Хуан Карлос Пастор ја честиташе победата.

– Мислам дека одигравме добар натпревар, но сепак недоволно добро да се совлада Вардар. Секој натпревар во оваа група е тежок, а овој беше посебно тежок за нас. Им честитам на Вардар за победата.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ