Раул: Одигравме одлично во првото полувреме

Од:

Тренерот на Вардар Раул Гонзалес изрази задоволството од убедливата победа во премиерниот натпревар на неговиот тим во СЕХА лигата, а се осврна на првото полувреме за кое рече дека беше одлично за „црвено-црните“.

– Ние игравме одлично во првото полувреме, Арпад беше одличен на голот. Во одбраната имавме 5-1 зона и добар контра напад. Но, во вториот дел имавме малку проблеми. Пробавме да смениме играчи, сменивме и 6-0 во одбраната, но не одигравме добро.И честитам на Војводина, играше добро, тие имаат добар тренер и се навистина добар тим, истакна шпанскиот стручњак на прес-конференцијата по натпреварот со Војводина што Вардар го доби со 37:27.

Задоволен од победата и од прикажаната игра беше и Лука Циндриќ.

– Еве почна сезоната во СЕХА, ова беше важен меч за нас. Добро го отворивме натпреварот, сепак во второто полувреме Војводина го покажа своето лице. Нам ни останува да продолжиме во ова темпо и да ја креваме формата пред почетокот Лигата на шампионите, потенцира Циндриќ.

Би можело да ве интересира

Возило излета во Вардар во центарот на Скопје

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Во Вардар во Велес најдено тело на мртов маж