Раул Гонзалез: Не чека голема борба во групата

Од:

Македонската ракометна репрезентација на Европското првенство во Хрватска се наоѓа во групата Ц (по вчерашното извлекување на групите) заедно со европскиот првак Германија, Словенија и Црна Гора.

Натпреварите ќе се играат во Загреб, а во однос на групата македонскиот селектор Раул Гонзалез истакна дека е тешка и ќе има голема борба.

– Тешка група, но сите се такви. Европското првенство е посилно и од Светско. Сите ривали имаат квалитени играчи, кои добро ги познаваме. Јас верувам во мојата екипа. Шест месеци имаме за подготовка како што сакам јас и на мојот начин на работа. Најважен е првиот дуел, изјави Гонзалез.

Во првото коло на 13.јануари Македонија ќе игра против Словенија, на 15.јануари противник ќе биде Црна Гора, а во последното коло од групата два дена подоцна игра со европскиот шампион Германија.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ